Англиски за деца од 6-18 години

Добредојдовте во “Медиа Арт Студио”!!!
Вашето дигитално училиште за англиски јазик!

Медиа Арт Студио, пред повеќе од 15 години, започна како идеја за иновативен пристап во едукацијата и брзо прерасна во успешно училиште.

Годините искуство во работата со деца прават родителите да ни веруваат максимално кога станува збор за квалитетно образование и иновативни наставни методи.

Во Медиа Арт Студио, веруваме дека изучувањето јазик не треба да биде суво предавање од табла, туку возбудливо патување со интеракција и резултати.

Од учебната 2026/2027 година, нашето училиште направи значаен чекор напред и целосно се префрли на 100% онлајн настава. Оваа одлука произлезе од нашата желба да му овозможиме на секое дете побрз напредок, поголема мотивација и навистина индивидуализиран пристап којшто често недостига во класичните училници.

Нашата филозофија на предавање:
TPR (Total Physical Response) & Gamification: Користиме учење преку игра, песни, визуелни помагала и движење за помалите, додека за постарите применуваме проектна работа и автентични содржини.
Дигитална писменост: Покрај совладувањето на англискиот јазик, ги учиме децата како функционално и безбедно да ги користат современите дигитални алатки.
Партнерство со родителите: Oтворена комуникација и редовно информирање за напредокот на вашето дете.

Онлајн наставата нуди модерна алтернатива која ја става ефикасноста и технологијата во центарот на образовниот процес. Нашата програма за англиски за деца ги претвора часовите во вистинска авантура преку дигитални игри, креативни вежби и континуирана конверзација.

Наши вредности

Вредности кои нè водат и инспирираат секој ден

Креативност

Го поттикнуваме креативниот потенцијал кај секој ученик, за да се развие во сферата која го интересира.

Индивидуализам

Секое дете е различно и затоа ние го индивидуализираме пристапот според нивните потреби и таленти.

Квалитет

Се стремиме кон висок квалитет на образование и учење, што ги задоволува потребите на нашите ученици и нивните родители.

Приклучете се денес

Придружете ни се во оваа нова образовна авантура каде технологијата и индивидуалниот пристап одат рака под рака! Повеќе информации на 078/369-246.

Scroll to Top