За нас

Печати
PDF

Зошто да го изберете Медиа Арт Студио?

КУРСЕВИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД 4-14 ГОДИНИ

УСОВРШУВАЊЕ НА ЗНАЕЊЕТО ОД УЧИЛИШТЕ ПО АНГЛИСКИ И МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ СО ИНДИВИДУАЛНА НАСТАВА (за деца од 8-18 години)

Сигурно честопати сте се прашувале како да се справите и како да го заштитите  Вашето дете од секојдневните и постојаните негативности кои со себе ги носи современиот живот? Како да ги усогласите Вашите обврски и истовремено да ги задоволите неговите потреби? Како да го организирате неговото слободно време? Како да му помогнете да го утврди, усоврши и прошири веќе стекнатото знаење? 
Ние сме тука за да ви помогнеме во потрагата по вистинските одговори.

"Медиа Арт Студио" работи на едуцирање и развој на капацитетите на деца од 4 до 18 години. Преку неформално образование и едукативни современи методи на учење целиме кон создавање на деца со здрави навики, способни да се грижат за самите себе и за другите, да бидат другарчиња, да стекнат искуства и вештини и да бидат индивидуалци во групни средини. Да бидат мотивирани и инспирирани за нови предизвици, подготвени да превземат одговорност и да го пронајдат вистинскиот избор.

Печати
PDF

Мисија и цели

Ако го анализираме секојдневниот живот на децата и младите за брзо време ќе ги откриеме сите аномалии кои ги носи современиот начин на живеење. Недостатоците на ваквиот начин на живот најмногу ги чувствуваат токму најмладите, па токму затоа сметаме дека вонучилишната едукација е вистинскиот избор за секој родител.

Едукацијата за деца од 4-6 години, проект за правилен развој на најмладите на “Медиа Арт Студио”, претставува склоп од повеќе работилници, а курсевите по англиски и македонски јазик и книжевност имаат за цел да го прошират знаењето на учениците до 18 години.

Целта на оваа настава е да им се помогне на младите да го изберат вистинскиот пат преку континуирана едукација и забава во исто време. Ние сме тука на забавен и едукативен начин да им ја покажеме практичноста на нештата кои веќе ги имаат научено на училиште и да им ја разбудиме љубопитноста за новото и непознатото. Тие ќе стекнат здрави навики и способности кои секојдневно ќе им бидат од корист, а при тоа нема да бидат форсирани од страна на наставникот туку самите ќе го одредат темпото на учење.

Планирани резултати
Детето да го подобри своето знаење и своите резултати на училиште, да научи работи кои нема можност да ги научи на училиште, да стекне здрави навики и способности кои ќе може секојдневно да ги применува, да разликува добри од лоши работи, да ги почитува луѓето и предметите околу себе, да знае како да се снаоѓа во животните ситуации, вешто да ги избегнува пороците кои му се закануваат буквално на секој чекор и да порасне во здрава, среќна и созреана личност.

Мисија
Нашата мисија е времето поминато надвор од училиште да го претвориме во забава и активно учење со кое децата и младите ќе бидат спремни да се соочат со предизвиците на животот. Во сето тоа им помагаат учители кои ги учат, инспирираат и мотивираат децата со различни динамични активности, а во исто време се поврзуваат со децата на пријателски начин помагајќи им во секоја ситуација. Сметаме дека вонучилишните активности се витални во развивањето на децата во здрави, способни и зрели индивидуи и граѓани на општеството.