Печати
PDF

Усовршување на знаењето по англиски и македонски јазик и книжевност

"Медиа Арт Студио" нуди индивидуално и групно (максимум до 5 ученика во група) усовршување на знаењето по предметите:
1. англиски јазик
2. македонски јазик и книжевност

за ученици од V до VIII одделение од основните и од I до IV година од средните училишта.

Целта на овие курсеви за усовршување на знаењето е подобар успех и подобри оценки на училиште.

Наставата го следи училишниот материјал и се одвива еден на еден со што секој ученик го добива потребното внимание со цел да го совлада училишниот материјал кој го испуштил или пак му останал нејасен. Како резултат од овие часови вашето дете ќе биде многу посигурно во своето знаење, ќе стекне поголема самодоверба и мотивација.

Освен за ученици кои имаат проблем со учењето на овие два предмети, овие часови се наменети и за оние ученици кои немаат никакви проблеми туку напротив, сакаат да го усовршат и прошират веќе стекнатото знаење и да се спремат да го усовршат истото во соодветна гимназија или факултет во иднина. Тие исто така работат според учебникот од училиште, но добиваат уште многу екстра материјали кои ќе ги прошират нивните погледи во таа област.

Курсевите за усовршување се одвиваат два пати неделно, а наставата трае 60 минути. Цената на курсевите е 2400 денари/месечно, а за групното усовршување (2 или повеќе деца од исто одделение/училиште) нудиме 15% попуст на цената.

Часовите ги држат дипломирани професори по англиски јазик и по македонски јазик и компаративна книжевност.

Обезбедете си место преку нашата апликациона форма или со праќање на e-маил на нашата адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Во e-маилот наведете ги името и презимето на ученикот, кое одделение/година е, кој предмет сака да го усоврши и кој термин му одговара.