Печати
PDF

Целодневна грижа и едукација за деца од предучилишна возраст

"Медиа Арт Студио" организира целодневна грижа (08.00-16.30) и едукација за деца од предучилишна возраст (3-6 години).

Едукацијата опфаќа секојдневни часови по англиски јазик, часови по креативност и уметност, пилатес за деца, развивање на логика, учење на основни математички поими и операции, пишување кирилица, правилен изговор, песнички и приказни, стекнување здрави навики, добро однесување и развивање на комуникативноста.

Времето на оставање и земање на децата е флексибилно односно го оставате и земате вашето дете кога сакате во периодот од 7.30-16.30. За разлика од градинките, не нудиме течна храна туку само овошје и сокови. Сконцентрирани сме на едукација на децата, па затоа работиме во мали групи до 6 деца со цел секое дете да го добие потребното внимание, грижа и да научи колку што е можно повеќе. Наставата се одвива по одреден распоред на часови, а на крајот на месецот секој родител ќе добие извештај за развојот на своето дете.

Цената на школата е 4000 денари/месечно.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Едукацијата за децата од предучилишна возраст на англиски јазик го опфаќа следново:

- раскажување приказни, учење песнички, учење на азбуката и правилен изговор на зборовите: тргнувајќи од фактот дека книгите и читањето претставуваат вистински проблем за новите генерации, сметаме дека е многу важно децата уште од најмала возраст да стекнат желба за читање па затоа преку процесот на раскажување приказни имаме за цел да им ја разбудиме љубовта кон светот на приказните и да им ја развиеме љубопитноста и фантазијата. Покрај приказните ќе научат и многу песнички, ќе се работи на правилен изговор на зборовите, а ќе ја научиме и азбуката и пишувањето основни зборови.

- учење на броевите и основните математички поими, развивање на интелигенцијата и логиката преку математички и логички игри и материјали соодветни за предучилишна возраст

- курс по англискиот јазик: Англискиот јазик како главен јазик во светот па затоа е од огромно значење децата уште од најмала возраст да почнат да го изучуваат, а секојдневното изучување е единствен гарант дека детето темелно ќе го совлада англискиот јазик и ќе го знае на ниво на мајчин јазик. (дознајте повеќе...) Курсот по англиски се одвива по одреден учебник, соодветен за децата од предучилишна возраст.

- часовите по креативност имаат за цел да ја разбудат љубопитноста и креативноста на децата, но и потенцијалниот талент за уметност (дознајте повеќе...)

- часови по пилатес: редовната физичка активност од најмала возраст има големно влијание врз правилниот развој на телото и  стекнувањето навика за вежбање од најмала возраст. Преку работилницата за здрав живот има за цел децата да стекнат здрави животни навики и да развијат здрав дух што во критичните тинејџерски години ќе им помогне полесно да се справат со предизвиците и пороците кои ги носи современиот живот. (повеќе...)

- часовите по социјализација имаат за цел да ја развијат способноста за комуникација кај децата, стекнување социјални вештини, како и учење на правилата за добро однесување и снаоѓање во различни животни ситуации (повеќе...)

- дополнителни работилници: учење преку филмови, компаративно читање, компјутерска работилница...

Сите едукативни програми се изведуваат на македонски јазик, но посебно внимание се обрнува на англискиот јазик. Со тек на времето се очекува децата колку што е можно повеќе да го користат англискиот јазик во секојдневните ситуации.

 

НАСТАВНА ПРОГРАМА

ОКТОМВРИ 2013

1 недела: greetings; colours

2 недела: numbers; my body

3 недела: seasons; nature

4 недела: повторување

НОЕМВРИ 2013

1 недела: my family; all about me

2 недела: my classroom; classroom rules

3 недела: pets

4 недела: wild animals

 

Распоред на часови: