Печати
PDF

Пилатес за деца

Редовната физичка активност е важен дел од здравиот начин на живеење. Важно е на физичката активност да и се даде првенство и да се поттикнува навиката за вежбање кај децата уште од најрана возраст за таа да стане неразделен дел од нивниот секојдневен живот.


Пилатесот директно влијае врз рамнотежата, држењето на телото и правилниот развој на децата. Ако се вежба континуирано, пилатесот носи бројни придобивки - зацврстување на коските и мускулите, зголемен капацитет на белите дробови и циркулација на целото тело. се се само некои компоненти на ефективната пилатес програма. Благодарение на пилатес вежбите се зголемуваат кондицијата, силата и флексибилноста на телото, а освен физичкото се зголемува и психичкото здравје на децата кои учат како да се релаксираат и ослободат од стресот.

"Мора да сум во право. Ниту еден аспирин. Ниту еден ден болест.
Целата држава, целиот свет треба да ги практикува моите вежби. Така сите ќе бидат посреќни.
"

- Џозеф Х. Пилатес