Печати
PDF

Курс по креативност и уметност за деца од 4-12 години

Ништо не ги задоволува и исполнува децата повеќе од можноста да добијат простор за слободно изразување и искажување на својата креативност. Способноста да се биде креативен, способноста од сопствените чувства и желби да се направи нешто оригинално, да се погледне секојдневието од поинаков агол е голем плус за секој човек. Но, никому од нас не му оди така лесно колку на малите брилијантни умови.

Курсот по креативност има за задача да ја разбуди нивната креативност и нивната љубопитноста за рачната изработка (цртање и боење со водени/темперни бои, правење оригами и фигури од хартија, фигури од овошје и зеленчук, работа со пластелин, глина, колаж, изработување накит и други украси).

Целта ни е да ја разбудиме нивната фантазија и да му овозможиме на секое дете може да го пронајде уметникот во себе.

Цената на курсот е 1600 денари/месечно, а часовите се одржуваат два пати неделно по 60 минути.

Организација по групи:

група 1 - предучилишна возраст

група 2 - 1 и 2 одделение

група 3 - 3 и 4 одделение

група 4 - 5 и 6 одделение