Печати
PDF

Компаративно читање

Работилницата за креативно и компаративно читање ќе им помогне на учениците при разбирање на смислата на текстот и негово поврзување со општествените и личните ситуации. Исто така, учениците ќе разговараат за прочитаното, ќе поставуваат прашања и ќе даваат одговори, ќе го прераскажуваат усно и писмено, а професорот ќе им помогне да ги пополнат празнините, да го визуелизираат и резимираат текстот и да ги усвојат основите на критичкото мислење и пишување.

Клубот за читање е одличен начин да ги охрабриме учениците да го засакаат читањето и да читаат и кога тоа не им е училишна обврска. Со нашата специјална програма за читање ќе им помогнеме на учениците да развијат долгорочна љубов кон читањето. Во нашиот клуб не само што читаме книги туку по нивното читање, детално разговараме за нив, дискутираме за темите, ликовите и книжевните ситуации, како и за моралните пораки на книгите. Освен инспирација за дискусии, на нашите ученици им нудиме и инспирација за пишување, при што ги запознаваме со процесот на креативно пишување односно создавање приказна, ликови, конфликт и книжевни ситуации.