Печати
PDF

Креативно пишување

Работилницата за креативно пишување ќе ги запознае децата со процесот на пишување и создавање приказни. Детето ќе се запознае со различните типови на приказни (авантуристичка, реалистична, историска, фантастична, детективска) и деловите од приказната (заплет, ликови, место и време на настаните, опис на настани). Децата ќе пишуваат разновидни типови на текстови, индивидуални и групни, наменски, текстови засновани на веќе прочитани книжевни дела, филмови или животни ситуации.