Печати
PDF

Курсеви по англиски јазик за деца од 4-14 години

Истражувањата покажуваат дека учениците кои од мала возраст учат странски јазик многу побрзо го научуваат и подобро се снаоѓаат во изучување на дополнителни јазици понатаму во животот. Затоа имаме за цел да се погрижиме учениците сосема да се опуштат во секојдневната употреба на англискиот јазик при комуникација, да го зголемат фондот на зборови, да ги научат граматичките правила и да ги пополнат дупките од училиште.

Факт е дека секој учебник има свои предности и недостатоци. Токму затоа покрај задолжителниот учебник (English adventure / Get set go / Excellent / Click on / Upstream), користиме уште многу други различни едукативни материјали односно други наставни материјали на исто ниво (First friends / Chit chat / Cookie and friends / Super me / Incredible English), книги за читање, практични игри, едукативни компјутерски програми и мултимедијални ди-ви-дија.

Курсевите по англиски јазик се одвиваат во мали групи до максимум 5 слушатели и иако се одвиваат само 2 пати неделно, тие се многу поинтензивни од обично бидејќи секој ученик добива материјали кои мора да ги слуша и гледа дома. Со секој слушател се работи индивидуално и темелно.

Освен курсевите соодветни за учениците од основното образование, во училиштето се организираат и курсеви за предучилишна возраст наменети за деца од 4-6 години.

Курсевите по англиски јазик се одржуваат два пати неделно по 60 минути, а термините на часовите се следниве:

- 17.00 - 18.00
- 18.00 - 19.00
- 19.00 - 20.00

Децата се поделени во групи во зависност од нивото на знаење:

  • KINDERGARTEN ENGLISH - за деца кои прв пат започнуваат да го учат англискиот јазик
  • PRESCHOOL ENGLISH - за деца кои имаат основни познавања по англиски јазик
  • STARTER ENGLISH - вовед во пишување и понапредна комуникација
  • PRIMARY COURSES: BASIC /ELEMENTARY/PRE-INTERMEDIATE ENGLISH (7-12 години)

- Level 1 - за деца кои почнуваат да учат да пишуваат и сфаќаат основни граматички конструкции

- Level 2 - за деца кои веќе знаат да пишуваат англиски јазик

- ELEMENTARY (level 3), PRE-INTERMEDIATE (level 4)...

  • INTERMEDIATE / UPPER-INTERMEDIATE ENGLISH (13-15)

Цената на курсот е 1600 денари/месечно.
Дојдете во Медиа Арт Студио и уверете се во нашиот квалитет!!!

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕДУКАТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ И КНИГИ:

Kindergarten / Preschool English (4-6 години) - книги:

 

Basic / Pre-intermediate English (7-12 години) - книги:



 

Intermediate / Upper-intermediate English (13-15 години) - книги: