Печати
PDF

Практично и корисно!!!

Терминот животни вештини се однесува на голема група на психосоцијални вештини, чија цел е да придонесат за личниот, емоционалниот и социјалниот развој на децата и да обезбедат физичка, ментална и социјална добросостојба на децата.

На оваа работилница ќе се обработуваат животни  вештини во зависност од потребите на децата. Затоа целта на оваа работилница е децата да го искористат своето знаење за да практикуваат здрави облици на однесување и да ги избегнуваат оние што се закана за нивното лично, емоционално и социјално здравје.  

Темите кои ќе се обработуваат во оваа работилница се следниве:

* личен развој: самодоверба, емоции, успех и неуспех, искажување на мислење, слободно време и семејството и училиштето



*   интерперсонални односи:
сличности и различности, лаги и вистини, давање и примање на помош, прифаќање и признавање на грешки, комуникација, агресивно однесување и разрешување на конфликти

* општествени односи: права на децата, недискриминација, подржување и соработка, групна работа, социјални притисоци, одговорност и позитивен однос


* здраво  живеење: здрава исхрана, лична хигиена, превенција од болести и заболувања и свест за сексуално здравје

* однос со надворешната средина:
однесување со средината, хигиена во околината и заштита на планетата земја