Печати
PDF

Филмот како едукативен метод

Следејќи ги најновите трендови во образованието на светско ниво, едукацијата во нашиот клуб се изведува на повеќе нивоа, компарирајќи ги книгата, филмот и компјутерот.

Работилниците се засноваат на учење со филмови и практични животни ситуации.  Еднаш неделно учениците гледаат многу внимателно одбран филм, прилагоден на нивната возраст, за кој подоцна ќе дискутираат (теми, идеи, ликови, ситуации, морални пораки и заклучоци). Корелацијата меѓу наставните предмети и различните работилници е многу важна па затоа деталите во врска со филмот и впечатоците ќе бидат искористени и во работилниците за јазици и компјутери. Во работилницата за македонски јазик учениците се пишуваат творби поврзани со филмот или пак учениците читаат книги со слична тема, идеја или сличен настан кои подоцна ќе можат да го компарираат со веќе изгледаниот филм.

Во работилницата за англиски јазик пак се учат зборови и реченици поврзани со филмот, а учениците од повисоките одделенија пишуваат текстови и читаат книги со слична содржина со таа на филмот. Во работилницата за компјутери учениците цртаат и ги бојат своите омилени ликови од филмот со веќе научените графички програми (Photoshop, CorelDraw) и пишуваат реченици и текстови во врска со филмот во Word.