Печати
PDF

Компјутерска работилница

Технологијата е двигател на 21 век. Поради тоа секое дете треба да знае да работи на комјутер уште од најмала возраст. Комјутерите представуваат драгоцено средство за работа и извор на информации од кои постојано имаме потреба. На нашата работилница децата ќе имаат можност да ги научат основните комјутерски програми како: Microsoft Word, Powerpoint, Photoshop, Coreldraw и други.

Како да го користат интернетот при истражување и барање на информациите кои им се потребни при процесот на учење. Исто така на нашата работилниа ќе се посвети големо внимание за тоа како децата треба и мора да се заштитат себе си при користење на најразлични портали, софтвери, веб страни и сл. (оставање лични податоци, разговори со непознати луѓе)